100 милиони стана како нормална цена, и Ајнтрахт Франкфурт ја бараа оваа сума за Коло Муани

by
1 минути читање

Цените на фудбалерите се во постојан раст, оние кои малку отскокнуваат
прават трансфери од 100+ милиони евра.

Антони од Ајакс се пресели во Манчестер јунајтед за оваа сума, Челси инвестираше
толку за да го донесе Михајло Мудрик од Шахтар а потоа „сините“ одвоија и 121 милиони евра
за Енцо Фернандез од Бенфика.

Случјано или не, сега пристигнуваат информации дека и Ајнтрахт Франкфурт го
вреднува Коло Муани на 100 милиони евра.

Трагичарот на Франција на мундијалот во Катар, кој пропушти златна шанса за победа во 123. минута,
прикажува одлични партии и го привлече вниманието на Баерн Минхен, Ливерпул и
Манчестер јунајтед.

Во Ајнтрахт се свесни како стојат работите на трансфер пазарот, па кога во
предвид ги земале сумите кои се плаќаат и нивото на кое игра Коло Муани, решиле
да ја корегираат неговата цена и наместо 80 милиони евра, да бараат 100 милиони
евра за продажба на напаѓачот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×