121
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше вечер за паметење во Данска откако и донесе победа на Јагелонија со гол во продолжението.
Јагелонија имаше негатива, но успеа да направи пресврт и да слави победа. Чурлинов победничкиот гол го постигна во 97. минута од натпреварот.
По натпреварот сепак остана скромен и истакна дека заслугите се на целиот тим./
„Не сум херој само јас, целиот тим е заслужен за оваа победа. Покажавме дека можеме да се вратиме и против најдобрите, заслужуваме да сме тука“, изјави Чурлинов.