149
Фудбалската федерација на Македонија со 5.000 евра го казнила Вардар за пиротехниката која ја користеа вардаровите навивачи во дуелот со Струга Трим.
Во натпреварот против Струга Вардар беше поразен на домашен терен со 1:4, а сега клубот ќе мора да плати и парична казна.
„Заради пиротехничкото шоу на навивачката група Комити на натпреварот против Струга Трим Лум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра“, стои во објавата на Твитер.