105
Фудбалската репрезентација на Србија изминатата вечер убедливо беше поразена од Шпанија со 0:3, а денеска следуваа критики за селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
Фановите кои го критикуваат Стојковиќ му исмислија и нов прекар, па место Пикси го викаа „Виски“.
Според коментарите на социјалните мрежи и јавноста во Србија српскиот селектор е обвинет дека е алкохоличар, такви коментари имаше и за време на Европското првенство во Германија. Се пишуваше дека во алкохолзирана состојба се појавувал на прес-конференциите.
Критики има и за играта на српските фудбалери, иако тие играа против актуелниот европски шампион.