167
Француската фудбалска легенда Тјери Анри реши да се повлече од селекторското столче на младинската репрезентација.
По настапот на Олимписките игри со тимот до 23 години и освоениот сребрен медал со пораз во финалето од Шпанија, легендата реши дека е време за крај. Анри седна на клупата на репрезентацијата до 21 година минатиот август, па по речиси една година си поднесе оставка.
„Овој медал засекогаш ќе биде едно од главните достигнувања во мојот живот. Тоа ми донесе огромна радост. Среќен сум и благодарен на федерацијата, играчите и навивачите за ова магично искуство“, изјави Анри.
Договорот на легендарниот Анри беше до следното лето, меѓутоа по негово барање истиот ќе биде прекинат.