156
Поранешната англиска ѕвезда, а сега тренер на Плимонт Вејн Руни е суспендиран на еден натпревар поради недолично однесување во победата од 2:1 над Блекбурн во Чемпионшип.
Руни е обвинет за своето однесување во триумфот во кој беше исклучен поради наводни навреди кон четвртиот судија и враќање на терен по исклучувањето.
Плимонт имаше водство од 1:0 кога Блекбурн постигна изедначувачки гол во 86. минута. Тој гол Руни и фудбалерите на Плимонт го сметаа за нерегуларен, па поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ги загубил нервите.
Судијата Џејмс Лининготон го исклучил 38-годишникот, но тој се вратил на теренот да ја слави победата по голот на неговиот тим во 97. минута.