148
Грчкиот клуб Панатинаикос направи голем гест, бидејќи реши да го исплати целосниот договор на починатиот Џорџ Балдок.
31-годишникот кој неодамна беше пронајден мртов во Атина во мај годинава се пресели во Панатинаикос од редовите на Шефилд Јунајтед. Тој имаше тригодишен договор кој за жал нема да го доработи, меѓутоа ПАО покажа дека е голем клуб.
Грците решија целосниот договор да го исплати на сопругата на починатиот Балдок. Тоа е гест на Панатинаикос кон вдовицата и едногодишното дете.
Исто така, најавен е хуманитарен натпревар во 2025 година, а средствата од истиот ќе одат на сметката на детето.