221
Maнчестер Јунајтед во петокот ја стартуваше новата сезона во англиската Премиер лига и тоа со победа од 1:0 против Фулам. Единствен стрелец за „црвените ѓаволи“ во овој натпревар беше Џошуа Зиркзе.
Тоа беше одличен почеток за Холанѓанецот за кого ова беше деби во дресот на клубот од „Олд Трафорд“. На стадионот во Манчестер имаше 73.000 гледачи и тие секако имаа најдобро искуство, додека на второто место би можеле да се рангираат посетителите на барот „Cosm“ во Лос Анџелес.
Натпреварот во овој локал се гледаше на екран од 26 метри, па гледачите имаа поглед како да се наоѓаат на стадион.