257
Eкипата на Арсими која се натпреварува во Втората македонска лига го потврди ангажманот на Лутфи Билали кој во последната сезона го носеше дресот на Вардар.
Билали кој има 32 години пристигнува да го засили нападот на Арсими кој има амбиции сезонава да се вмеша во борбата за место во ПМФЛ.
Низ кариерата Билали покрај Вардар беше дел од Беса, Ренова, Велзарими, Силекс, Гостивар, Пелистер и Металург, додека во странство настапуваше за клубовите на: Арберија од Косово, Егинакос од Грција, Хака од Финска и Целје и Интерблок од Словенија.
Арсими добро ја стартуваше сезоната во ВМФЛ и по две кола има две победи.