182
Питер Крауч откри една анегдота од времето кога беше играч на Ливерпул, а Рафаел Бенитез и Жозе Мурињо имаа големо ривалство.
Бенитез беше тренер на Ливерпул, а Мурињо го водеше Челси и во тој период освои две титули во Премиерлигата.
„Кога бев во Ливерпул, игравме Сикрет Санта. Јас го добив Бенитез, па му купив книга напишана од Жозе Мурињо, тоа беше прирачник како да се освои лигата. Тоа беше кога Челси освојуваше се. Бев таму кога ја отвори…“, открива Крауч.