194
По трансферот на Бојан Миовски, екипата на Жирона доведе уште едно ново и тоа во најскапиот трансфер во својата клупска историја.
Станува збор за Колумбиецот, Јасер Асприља кој во клубот пристигнува за сума од 18 милиони евра, но со бонусите трансферот би можел да достигне и вредност од 25 милиони евра.
Очекувањата од овој 20-годишен Колумбиец се големи, а показател за тоа е и „10-ката“ која ја доби од шпанскиот клуб. Со Жирона потпиша договор до 30 јуни 2030 година.
Во Жирона со која ќе игра и во Лигата на шампионите пристигна од англиски Вотфорд.