173
Екипата на Шкендија објави дека се разделува со албанскиот фудбалер, Ендрит Красниќи кој заминува поради семејни причини.
29-годишниот играч од средниот ред веќе не е член на Шкендија. Кразниќи побарал предвремен раскин на договорот од семејни причини, а Шкендија го прифатиле неговото барање.
Според соопштението на тетовскиот клуб, фудбалерот имал семејни причини и сакал да е поблиску до своето семејство.
Красниќи минатото лето пристигна во Шкендија од Приштина. Тој беше еден од главните фудбалери во тимот, на 37 натпревари постигна шест гола и имаше дури 14 асистенции.