Динамо е пред освојување на титулата, Ристовски веруваше и кога сите ги отпишаа!

by riste
1 минути читање

Динамо Загреб со големи три бода се враќа од дербито во Ријека, „модрите“ победија со пресврт со 2-1 и дојдоа на милиметри до освојување на титулата.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Адеми влезе од клупата при негатива на Динамо Загреб од 1-0.

Ријека поведе со гол од пенал на Пјаца по четири минути игра во второто полувреме.

Во 75. минута Петковиќ го изедначи резултатот на 1-1, а во 89. минута Хоџа реализираше за комплетен пресврт и победа на Динамо Загреб од 2-1.

На три кола до крајот Динамо Загреб има четири бода повеќе од Ријека. Им преостануваат домашни мечеви со Осјек и Рудеш, а гостување кај Славен Белупо. Со две победи од овие три дуели ќе ја заверат титулата.

Ристовски во март кога Динамо Загреб беше зад Ријека и Хајдук даде изјава дека на крајот тие ќе се радуваат на титулата. Тоа беше пред големото дерби во Сплит.

„Уверен сум дека успешно ќе ја завршиме сезоната. Ма секако дека така ќе биде, не сум арогантен, ниту препотентен, знам што зборувам и знам каков квалитет имаме во соблекувалната. Почит за секој, но титулата повторно ќе се прослави на Максимир“, изјави тогаш нашиот Ристовски.

Се чини дека изјавата на Македонецот наскоро ќе стане реалност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани