154
Манчестер Јунајтед не може да крене глава од проблеми. Главно резултатската криза го дрма славниот клуб, а сега Ерик Тен Хаг мора да размислува и за повредите.
На следниот премиерлигашки натпревар против Брентфорд „црвените ѓаволи“ ќе играат без својот најдобар поединец, Коби Мејно. Младата ѕвезда има повреда која го мачи уште од мечот со Тотенхем.
Иако настапи против Астон Вила, младиот Мејно не беше дел ниту од репрезентативниот камп на Англија, а ниту сега не е доволно заздравен за настап во Премиер лигата.
Добри вести за Тен Хаг е враќањето на Мазрауи во тимот, а веќе тренираа со соиграчите и Гарначо, Диало, Шо, Маунт…