Џенаро Гатузо на чекор до преселба во Саудиска Арабија

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо, многу веројатно во следната сезона ќе работи на Блискиот Исток.

46-годишниот стратег се поврзува со прволигашот од Саудиска Арабија, Ал Тавун. Според италијанските медиуми, Гатузо веќе ги договорил сите детали за преселбата во арапскиот свет. Се очекува уште официјализација на потписот. На две кола пред крајот на сезоната во Арабија, Ал Тавун се наоѓа на четвртото место на табелата.

Во својата тренерска кариера Гатузо тргна преку Сион, Палермо, Крит и Пиза, па стигна во Милан. Потоа следеше епизода во Наполи, а потоа и во Валенсија и Марсеј. Од февруари годинава Италијанецот е без ангажман откако се раздели со клубот од „Велодром“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани