Реал Мадрид за следниот предизвик во Лигата на шампионите против италијанскиот тим Аталанта ќе биде посилен за Винициус Жуниор.
Бразилскиот крилен напаѓач се повреди против Леганес, а Карло Анчелоти откри дека ќе биде подготвен да заигра во текот на следната седмица. Винициус нема да настапи викендов против Жирона, ама ќе биде спремен за европски фудбал.
„Винициус почна да тренира, а тоа е одлична вест за нас. Викендов нема да игра против Жирона. Се надеваме дека ќе го имаме во тимот за мечот со Аталанта во ЛШ“, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид е во незавидна позиција во Лигата на шампионите бидејќи има само шест бода по пет одиграни кола. „Кралевите“ се наоѓаат на 24. позиција и ги олекува битка за пласман во нокаут фазата, а зад себе имаат два порази во низа.