Шкупи се жали за поништен гол: Дали некој има нешто против нас?

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкупи загуби на гостувањето кај Гостивар во рамките на 30. коло на ПМФЛ (2-0). По овој натпревар клубот од Скопје се реши остро да ја критикува арбитражата.

Имено, чаирчани се пожалија за ситуација која се случи во 86. минута и поништениот гол на напаѓачот Џемал Ибиши. Арбитрите покажаа недозволена позиција без размислување, а според видео снимката делува дека погрешија. Поради тоа клубот се огласи преку социјалните мрежи.

Спорната ситуација за која се жали ФК Шкупи погледнете ја на ОВОЈ линк.

„Како може да се направат толку грешки против еден тим? Секоја седмица доживуваме неправди од судиите. Секоја недела некој ни краде бодови. Ова не е случајно, тоа се планирани и програмирани акции насочени кон наша саботажа. Како инаку може да се прават толку грешки на штета на еден тим? Се соочуваме со различни и валкани трикови, се бориме само. За жал Шкупи е осамен тим.

Дали тимот може да губи бодови на секој меч поради судиски грешки и надворешни фактори? Тоа се случува. Овој театар и валкана игра се здодевни. Оваа борба ќе ја водиме до крајот, сами. Ќе се бориме за нашите фудбалери, за нашата работа и за фудбалот“, напишаа од Шкупи.

Во ПМФЛ на неколку рунди пред крајот водечките Струга, Шкупи и Шкендија се израмнети на по 58 бода, па трката за титулата ќе биде жестока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани