74
Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм се реши за тренерска смена по серијата лоши резултати.
Хофенхајм реши да му врачи отказ на тренерот Пелегрино Матарацо. 46-годишниот стратег го плати цехот за лошиот почеток на сезоната.
„Одлуката не беше лесна, особено бидејќи имаме добар однос со Матарацо. Неколку фактори не натераа да направиме прекин на соработката. Девет бода по десет кола во Бундеслигата се премалку“, изјави спортскиот директор Андреас Шикер.
Матарацо седна на клупата на Хофенхајм во февруари 2023 година и го водеше тимот до опстанок во првата сезона, а потоа во минатата успеа да избори место во Лигата на Европа. Сепак, стартот на новата кампања е доста лош и дојде време за промени.