Хамза Рамани: Полска е во ранг на Холандија и Шведска, Босанците ги познаваме

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во месецот кој следи ја очекуваат два гостински натпревари од пријателски карактер против Полска и Босна и Херцеговина.

Прво во сабота на 1. Јуни играме против Полска, а четири дена подоцна и против Босна и Херцеговина.

„Ќе одиграме два натпревари дома, против две квалитетни селекции. Треба да ги тестираме силите против Полска и Босна и Херцеговина, а тоа ќе биде добро за нас. Треба да смениме некои работи од квалификацискиот циклус, се надеваме дека ќе направиме резултат.

Полјаците се на високо ниво, можеме да ги сметаме како ранг на Холандија и Шведска, додека со Босанците сме играле и порано, па сметам дека сме ист ранг. Одиме на секој натпревар по позитивен резултат“, изјави Рамани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани