Флик има идеја: Барселона може да формира напаѓачки тандем вреден 130 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Стратегот на Барселона, Ханси Флик има намера да ја освежи напаѓачката линија во наредната сезона.

Каталонските медиуми рпеенсуваат дека Рафааел Леао и Џонтан Дејвид се расположени да го облечат дресот на каталонскиот гигант. Шанси за такво нешто постојат, посебно ако Ансу Фати и Феран Торес го напуштат клубот, како што се најавуваа. Во таква ситуација на Барселона во офанзивата би останало триото „Рафиња-Јамал-Левандовски“.

Леао наводно преку својот агент, Жорж Мендеш испратил порака до Барселона дека сака да го засили тимот на Флик бидејќи верува дека под водство на Германецот може уштеп осилно да блесне и да напредува бидејќи има само 25 години.

Проблем во оваа ситуација може да биде оштетата која ја бараат „росонерите“. Се најавува дека Милан нема да го пушти под цена пониска од 80-90 милиони евра.

Кога е Дејвид во прашање тој пред неколку дена и самиот јавно порача дека од детството навива за Барселона и негова желба е да го облече дресот на каталонскиот клуб.

„Трансфермаркт“ го проценува Леао на 75 милиони, Дејвид на 45, но треба да се знае дека на фудбалерот на Лил договорот му истекува, па Барса не би платила оштета.

Се поврзуваше Барселона и со фантастичниот Виктор Ѓекереш, меѓутоа со оглед на финансиската ситуација на Барселона и големата конкуренција тешко е да се верува дека гигантот од Каталонија може да победи во таа трка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани