ФИФА одлучи: Бразил доби домаќинство на фудбалски Мундијал

by 24 фудбал
1 минути читање

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, се одржа 74. Конгрес на ФИФА. Светската куќа на фудбалот на дневниот ред имаше неколку бирократски одлуки, а главна тема беше домаќинство на следното Светско првенство за дами.

Изборот падна на една од најфудбалските нации – Бразил. „Кариоките“ ќе го организираат Мундијалот во 2027 година, откако во изборот ја победија европската кандидатура на Германија, Белгија и Холандија.

На овој Конгрес на ФИФА присутни беа и челниците на Фудбалската федерација на Македонија, на чело со претседателот Муамед Сејдини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани