УЕФА го прифати барањето на селекторите за Европското првенство

by Стефан
1 минути читање

Eвропската куќа на фудбалот (УЕФА) дозолила за Европското првенство во Германија репрентаците да имаат на располагање 26 фудбалери, место досегашните 23, објавија британските медиуми.

Дел од селекторите јавно зборуваа и бараа зголемување на бројот на фудбалери во ростерот, а на крајот тие барања УЕФА и ги прифатила. Причината е густиот распоред во текот на сезоната и можните повреди.

Репрезентациите имаа можност за проширување на списокот и на Европското првенство кое се играше во 2021 година, но тогаш тоа беше така поради пандемијата со коронавирусот која правеше проблеми во сите делови од светот.

Како што пренесува „Скај“ сега тоа ќе стане норма во сите натпреварувања на УЕФА. Одлуката официјално се уште не е донесена бидејќи треба да ја изгласа извршниот одбор на УЕФА, сепак се очекува тоа да биде само формалност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани