231
Баерн Минхен сака да го продаде Кингсли Коман ова лето, сумата која ја одредиле Баварците изнесува околу 50-60 милиони евра.
Според „Л’Екип“, Баерн Минхен има три причини за да го продаде Коман: неговите чести повреди, големата плата и фактот што не е дел од плановите на новиот тренер, Винсент Компани.
Но, две од овие три причини ги одвраќаат и потенцијалните купувачи. Тешко дека некој ќе даде толку голема сума на пари за фудбалер кој има чести повреди и голема плата.