Тимот кој приреди сензација во Франција натпреварите од Лигата на шампионите нема да ги игра на својот стадион

by Стефан
1 минути читање

Tимот на Брест приреди вистинска сензација сезонава во француското првенство со завршувањето на третото место, а на тој начин обезбедија и пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

За Брест ова ќе биде прв и историски настап во најелитното европско натпреварување, меѓутоа за жал на навивачите нема да може да играат на домашниот стадион.

УЕФА кон крајот на април извршила технички прегледи на стадионот на Брест по што на лицата од клубот им било соопштено дека нивниот „Ле Блу“ не ги исполнува критериумите за европски натпревари во ЛШ.

Во таква ситуација клубот мораше да бара ново решение, а на крајот се одлучиле натпреварите да ги игра на „Стад де Рудуру“ во Генгам, потврди градоначалникот на градот Франсуа Кујандре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани