Тиаго Силва мина цел терен на колена по меч во Бразил, еве зошто (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тиаго Силва го привлече вниманието на себе, откако по последното коло на бразилската Серија А и победата на неговиот Флуминенсе против Палмеирас (1-0) која донесе опстанок во елитата.

По овој натпревар легендарниот стопер направи потег кој е популарен во Јужна Америка, го изоде цел терен на коленици. Тој потег не е многу познат во Европа и веднаш ја заинтересира јавноста.

Причината поради која јужноамериканските фудбалери го прават тоа е едноставна, на тој начин му искажуваат благодарност на Бог за исполнетите желби. Такво нешто своевремено во Европа направи и Рафиња по мечот меѓу Лидс и Брентфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани