Покрај бараж дуелите за место во првата и втората лига викендов се играа и натпревари од пониските лиги, а важна битка водеа екипите на ФК ‘Ржанично и ФК Гоце Делчев во кој на крајот домашниот тим славеше победа од 2:1
Гостите, екипата на ФК Гоце Делчев во натпреварот влезе како лидер на табелата, па за да остане таму во ова последно коло и беше потребно и само реми, но на крајот беа поразени. Добро започнаа имаа водство од 1:0, но домашниот тим со гол до полувремето прво дојде до изедначување, а потоа со голот од пенал и до конечен триумф кој значеше освојување на лидерската позиција во четвртата лига и место ранг погоре.
По завршувањето на натпреварот дојде и до инцидент во кој гостинските фудбалери и дел од стручниот штаб го нападнаа главниот судија, па мораше да интервенира и полиција.