Струга е старо-нов шампион на ПМФЛ, Вардар оди во бараж за опстанок!

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Струга Трим Љум славеа во дербито со Шкендија и на коло пред крајот се старо-нов првак на ПМФЛ. Стружани ја добија мега-пресметката на „Градскиот стадион“ во Тетово со 0-2 (0-1) со головите на Ибраими и Радески и со тоа си ја завршија својата задача, а на крајот се радуваа на својот втор трофеј во историјата.

Дополнителна услуга за уште во оваа рунда Струга да го одбрани пехарот беше ремито на Шкупи дома со Брера Струмица (0-0). Со овие резултати стружани во пресрет на последното коло имаат три бода повеќе од Шкендија и подобар меѓусебен скор, додека Шкупи заостанува пет бода и може само да се надева на второ место.

Резултатите од 32. рунда на ПМФЛ и математички го испратија Вардар во баражот за опстанок, а таму ќе се судри со Детонит Плачковица. Вардарци водеа, но не издржаа на гостувањето кај Силекс и ремизираа (1-1), а со бодот на Брера во Чаир веќе нема дилеми пред последното коло.

  • Резултати од 32. коло на ПМФЛ:

Шкендија – Струга 0-2 (0-1)
Шкупи – Брера Струмица 0-0 (0-0)
Гостивар – Работнички 0-0 (0-0)
Македонија ЃП – Брегалница 2-1 (0-0)
Тиквеш – Воска Спорт 0-0 (0-0)
Силекс – Вардар 1-1 (0-1)

Табела ПМФЛ: 1. Струга (64), 2. Шкендија (61), 3. Шкупи (59), 4. Тиквеш (43), 5. Работнички (42), 6. Силекс (42), 7. Воска Спорт (41), 8. Гостивар (41), 9. Брера (39), 10. Вардар (36), 11. Македонија ЃП (29), 12. Брегалница (27).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани