62
Клубот на македонскиот голман Столе Димитриевски, Валенсија не играше фудбал поради поплавите кои го зафатија овој дел од Шпанија.
Валенсија не игра фудбал од 27 октомври, одложени им беа два меча, а се враќаат на терените по репрезентативната пауза. Димитриевски и соиграчите ќе се судрат со екипата на Бетис во Андалузија.
На овој натпревар клубот подготви нови дресови во црна боја, поради трагедијата. По истиот дресовите ќе одат на аукција, а парите ќе бидат донирани за погодените од поплавите.