76
Искусниот стопер Дејан Ловрен е пред потпис со грчкиот клуб ПАОК, а делува дека сè е договорено.
Ветеранот кој минатата сезона настапуваше за француски Лион во потрага по минутажа се сели во Грција. Јасно е дека 35-годишникот не е на нивото од пред на пример пет години, меѓутоа може со искуството да придонесе во грчкиот фудбал.
Лион е подготвен да го прекине договорот со Ловрен за тој да може бесплатно да замине во ПАОК. Тоа е олеснителна околност и за Грците. Според информациите Ловрен во Лион имаше плата од четири милиони евра, а тоа во Грција нема да биде возможно.
Во кариерата освен во Лион настапуваше за Зенит, Ливерпул, Саутемптон, Динамо Загреб и Интер Запрешиќ.