421
Италијанскиот тренер Маурицио Сари би можел да се врати на фудбалот.
Заинтересирани за ангажман на искусниот стручњак се челниците на грчки Панатинаикос. Тимот од Атина пред крајот на сезоната се раздели со Фатих Терим и сега е во потрага по ново име за клупата.
Поради тоа, Сари е прв кандидат да седне на неа. Панатинаикос наводно веќе му ја покажал понудата на Италијанецот и сега се очекува негова одлука.
Во кариерата Сари ги водеше екипите на Јувентус, Челзи, Наполи, Емполи, Лацио…