52
Родри заработи повреда на стартот на сезоната, откако во дуелот против Арсенал во септември ги скина лигаментите. Според најавите, сезоната за Шпанецот треба да е завршена.
Сепак, самиот Родри смета дека може да заигра во завршната фаза на кампањата. Тој не сака да ризикува, ама мисли дека може да се врати навремено пред крајот на сезоната.
„Мојата цел е да се вратам оваа сезона. Не се откажувам, но исто така не сакам да направам грешка. Мојата цел е паузата да трае шест или седум месеци. Уживам во одморот, ако може да се каже така“, изјави шпанскиот играч за врска.
Во меѓувреме Родри го доби најголемото лично признание во фудбалот, Златната топка.