Денеска во просториите на ФФМ беше извлечен распоредот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига која ќе почне на 11. август.
Актуелниот шампион Струга сезоната ја почнува на домашен терен против Тиквеш, реновираниот Вардар кој сега има поголеми амбции во првото коло гостува кај Брера.
Првиот домашен меч за Вардар е големото дерби против Пелистер кое на програмата е во второто коло, веројатно мечот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“.