515
Најдобриот македонски судија Александар Ставрев денеска го судеше последниот натпревар во кариерата.
Ставрев за денешното 18. коло беше делегиран за натпреварот помеѓу Работнички и Пелистер кој заврши со победа од 3:0 на домаќините.
Во изминатите години, Ставрев важеше за најдобар македонски судија, а често пати добиваше и задача од УЕФА во европските клупски и репрезентативни натпреварувања.
Покрај Ставрев од судењето денеска се збогуваше и неговиот помошник, Дејан Костадинов.
Ставрев беше испратен со подароци од ФФМ и Работнички како домаќин на средбата.