60
ПСЖ ќе гостува кај Баерн Минхен во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите.
За овој натпревар Луис Енрике ќе добие две „засилувања“ во тимот, бидејќи се враќаат двајца фудбалери кои беа подолго отсутни. Гонсало Рамос кој заработи повреда на стартот на сезоната сега повторно е во комбинација за настап, а освен него во тимот се враќа и Преснел Кимпембе.
Францускиот стопер паузираше повеќе од 630 дена откако имаше операции на ахиловата тетива. Тој се очекува да биде на клупата, а можеби ќе добие и некоја минута. Сепак, поверојатно е дека кам-бекот ќе му биде во француската Лига 1 отколку во дербито против баварците.
Средбата на „Алијанц Арена“ е на програмата во вечерниот термин од 21:00.