Францускиот фудбалер, Тафи Бифоума во кариерата промени дури 16 клубови во 13 години, но сега се најде во ситуација со која го привлече вниманието на медиумите ширум светот.
Станува збор за фудбалер кој дебитираше во Еспањол во 2011 година 18 години, а подоцна играше за: Вест Бромович, Алмерија, Гранада, Ремс, Бастија, Османлиспор, Сиваспор, Анкарагучу, Малатијаспор, Шензен, Хелионгианг Ајс Сити, Бурсаспор, оФИ, Кифис и сегашниот Естегал каде што пристигна на неверојатен начин.
Бифоума минатото лето од грчкиот Кифис направи трансфер во иранскиот клуб поради една важна причина.
„Сакам да играм против Кристијано Роналдо пред да се пензионирам. Слушнав за интересот на Естегал и кога го погледнав нивниот распоред видов дека ќе играат против Ал Наср и си кажав: Готово, одам тука“, објасни Бифоума.
Она што не знаел 32-годишниот Французин е дека во Иран има два клуба по името Естегал.
„Стигнав во Техеран и тогаш ме посети мојот сонародник Гаел Какута. Еден час откако замине ме побара и ми се изнасмеа. Ми кажа дека јас играм за „малиот“ Естегал и дека тој е „големиот“. Тогаш сфатив што направив“, изјави францускиот фудбалер.
Така Бифоума немаше прилика да игра против Роналдо, но со неговиот тим го победи другиот Естегал.