Првиот човек на ПСЖ: Да можев, ќе ги тргнев сите седишта на стадионот за подобра атмосфера

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен ќе ја дочека екипата на Борусија Дортмунд во реванш меч од полуфиналето на Лигата на шампионите. Пресметката во Германија заврши со минимален триумф на „милионерите“, па сега пред своите навивачи „светците“ треба да бркаат гол дефицит.

Во пресрет на дуелот зборуваше првиот човек на парижани, претседателот Насер Ал Келаифи.

„Атмосферата на стадионот ќе биде многу важна. Убедени сме дека можеме до победа бидејќи играме пред нашата публика, таа ќе биде нашиот 12. играч. Во полуфиналето е важен секој детаљ, а навивачите се голем дел од тоа. Да можам, би ги тргнал сите столчиња на стадионот, дури и својата за атмосферата да биде неверојатна.

Играчите се фокусирани, но не премногу самоуверени. Не е добро премногу да си самоуверен. Не смееме да заборавиме дека ова е најмладата екипа во полуфиналето“, изјави Ал Келаифи.

Пресметката на „Паркот на принцовите“ се игра во вторник од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани