238
Удинезе со 2-0 победи на гостувањето кај Лече и излезе од зоната за испаѓање, ова беше прв триумф како тренер во Серија А на легендарниот Фабио Канаваро.
Пред денешниот дуел тимот на Удинезе се наоѓаше во зоната за испаѓање, но благодарение на денешните три бода скокна на 15. позиција.
Резултатот го отвори Лука во 36. минута, а конечните 2-0 за Удинезе ги постави Самарџиќ на пет минути пред крајот на натпреварот.
До крајот на сезоната во Серија А има уште две кола, тимот на Фабио Канаваро до крај ќе води голема битка за опстанок, но денешните три бода беа исклучително значајни за остварување на мисијата.