По освоениот трофеј, Алегри направи гест кон директорот Џинтоли за кој сите зборуваат (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Масимо Алегри беше многу емоционален и во текот на финалето од Купот на Италија и во прославата на освоениот трофеј.

Тој прославуваше со фудбалерите, ги прегрнуваше, а камерите го фатија како прави гест со раката кон генералниот директор Кристијано Џинтоли кој би се превел како „бегај, бегај…“.

Се верува дека Алегри не е во добар однос со Џинтоли бидејќи директорот го одбрал Мота за нов тренер, а на него ќе му биде врачен отказ.

Алегри беше запрашан за овој случај, тој негираше дека било намерно, но не беше убедлив во објаснувањето.

„Ништо не се случи, јас прославував со навивачите и фудбалерите. Го почитувам клубот, го почирувам човекот и немам проблем со никој. Само сакав да прославам со момците кои имаа исклучителна сезона. Иако успеавме да се бориме до крај за Скудетото, се квалификувавме во Лигата на шампионите и го освоивме Купот на Италија“, рече Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани