92
Давид Алаба кој важи за еден од најдобрите дефанзибви во светот веќе подолг период е надвор од терените поради повреда, а во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека дури може и да ја заврши кариерата.
Денеска на оваа тема се огласи и италијанскиот новинар Фабрицио Романо кој тврди дек такво нешто нема да се случи.
Според информациите на Романо Алаба се опораува побавно од предвиденото, меѓутоа неговата кариера не е доведена во прашање.
Докторите на Реал Мадрид ја следат ситуацијата и прават се за тој да се врати колку што е можно побрзо на терените.
Последниот натпревар Алаба го одигра на 17 декември кога Реал Мадрид се соочи со Виљареал.