Последно коло во ПМФЛ, борбата за втората позиција е единствената непозната

by riste
1 минути читање

Денеска од 17 часот се игра последното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), остана активна борбата за втората позиција и редоследот на екипите во средината на табелата.

Струга е новиот шампион, Брегалница и Македонија Ѓорче Петров испаднаа, Вардар ќе игра бараж за опстанок против Детонит Плачковица. Од важните позиции остана само борбата за второто место кое носи во Европа.

Шкендија е во пол позиција, има два бода пред Шкупи. Тетовскиот тим денеска му гостува на Работнички и доволен му е и бод за да се задржи таму каде што е. Шкупи гостува кај шампионот Струга и мора да победи за да се надева дека може да се качи на второто место.

Во другите натпревари кои немаат резултатска важност, но можат да влијаат на редоследот на конечната табела, Вардар го пречекува Тиквеш, Воска е домаќин на Гостивар, Брегалница игра против Тиквеш, а во Струмица ќе се сретнат Брера и Македонија Ѓорче Петров.

33 коло:
Брера – Македонија ЃП
Брегалница – Силекс
Работнички – Шкендија
Струга – Шкупи
Вардар – Тиквеш
Воска – Гостивар

Табела: Струга 64, Шкендија 61, Шкупи 59, Тиквеш 43, Работнички 42, Силекс 42, Воска 41, Гостивар 41, Брера 39, Вардар 36, Македонија ЃП 29, Брегалница 27.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани