285
Eкипата на Вардар денеска победи во натпреварот против Детонит и така го обезбеди прволигашкиот статус и наредната сезона.
Вардар доминираше од почетокот до крајот, Детонит се бореше, но можеше да се забележи дека се уште овој тим не е подготвен за прволигашки фудбал.
Со победата од 2:0 Вардар си го обезбеди местото во најсилната конкуренција и наредната сезона.
По натпреварот од Вардар со една заедничка фотографија на фудбалерите и навивачите испратија кратка порака.
„Целта е постигната – крајот е црвено-црн“.