ПМФЛ: Шкендија слави во дербито, Вардар ја испрати Македонија ЃП со Брегалница во втората лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварите од 31. коло на Првата македонска фудбалска лига понудија доста возбудувања, а веќе се познати и двата сигурни патници меѓу второлигашите. Тоа се екипите на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница кои и математички останаа без шанси да го престигнат Вардар кој е на позицијата која води во бараж.

Што се однесува до трката за титулата, Шкендија успеа да слави во дербито на рундата против Шкупи со 0-2 со головите на Клинсман Цаке и Фитон Адеми. Важна победа запиша и екипата на Струга Трим Љум против Гостивар од 1-0, а „меч-винер“ беше Марјан Радески. Вардарци во драматична завршница со голот на Дејан Ѓуриќ во 93. минута ги совладаа „лавовите“ и ги испратија меѓу второлигашите. Слична е судбината и на Брегалница која одигра нерешени 1-1 против Брера во Турново.

  • Резултати од натперварите во 31. коло на ПМФЛ:

Вардар – Македонија ЃП 1-0 (0-0)
Работнички – Тиквеш 3-1 (1-0)
Брера Струмица – Брегалница 1-1 (1-1)
Шкупи – Шкендија 0-2 (0-1)
Струга – Гостивар 1-0 (1-0)
Воска Спорт – Силекс 2-1 (1-0)

Шкендија и Струга сега имаат по три бода предност во однос на Шкупи на врвот на табелата. Што се однесува до опстанокот, Воска и Гостивар се на бод до обезбедување на прволигашки статус. Интересна ќе биде битката за избегнување на бараж во која Брера има три бода предност пред Вардар, а Брегалница и Македонија ЃП се без шанси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани