Ова го прави само Мурињо: Откри засилување на големиот ривал

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо од неодамна е тренер на Фенербахче, а тоа придонесе и за поголемо медиумско внимание кон гигантот од Истанбул.

Голем е интересот на новинарите и јавноста во Турција за Мурињо кој потпиша договор на две години со овој тим и треба да добива плата од 11 милиони евра.

Сега Португалецот се најде во центарот на вниманието затоа што откри засилување на големиот ривал. Рафа Силва се поврзуваше со Фенербахче, меѓутоа веројатно ќе заврши во Галатасарај.

„Ме прашувате за Рафа Силва? Одличен играч, но според моите информации ќе потпише за Галатасарај“, изјави Мурињо.

Во изминатите осум сезони Силва настапуваше за Бенфика и собра 206 натпревари и постигна 64 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани