Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски денеска го објави списокот за претстојните натпревари на Македонија во Лигата на Нации.
На списокот се најдоа четворица фудбалери кои за првпат добиваат повик во сениорската репрезентација. Станува збор за дефанзивците Анес Мелиџи и Ѓорѓе Џеков, играчот за врска Матеј Гаштаров и напаѓачот на Струга, Христијан Малески.
На списокот повторно се најде и Марио Младеновски, кој по пауза од четири години се враќа во националниот дрес. Добрата форма и настапите за Вараждин му донесоа нов повик во репрезентацијата.
Македонија својот прв натпревар ќе го одигра на домашен терен против Швајцарија на 26 септември. Три дена подоцна следува гостувањето кај Словенија, на 3 октомври „црвено-жолтите“ ќе ја пречекаат Шкотска, а репрезентативниот прозорец ќе биде затворен со гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври.
