Ноер: Бевме на чекор до Лондон… Судијата знае дека погреши

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот гигант Баерн Минхен беше елиминиран во полуфиналниот двомеч против Реал Мадрид, откако загуби на реваншот со 2-1. Пресметката на „Сантијаго Бернабеу“ за жал ја одбележа судиска одлука која во финишот можеби и го реши патникот во финалето.

Судијата Шимон Марчињак и неговиот помошник прерано досудија офсајд позиција во акција кога баварците дадоа гол, но играчите на Реал веќе застанаа. Една по една се нижат реакциите за чудната судиска одлука, а свој коментар имаше и голманот Мануел Ноер.

„Судијата сам знае дека погреши. Секој што некогаш играл фудбал, знае како се чувствувам. Елиминирани бевме во завршните минути, а претходно водевме 1-0 до 88. минута. Тоа дава горко чувство. Бевме на чекор до Лондон, веќе се видовме во финалето против Борусија. Сега по крајот повеќе немам зборови“, изјави Ноер.

Наместо ново германско финале, Борусија Дортмунд ќе се судри со „кралот“ на Лигата на шампионите на први јуни на „Вембли“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани