131
Барселона размислува на иднината како и секогаш, па во клубот ќе го задржи со нов договор талентираниот Марк Бернал.
Сè е подготвено за потпис на нов договор меѓу младиот дефанзивен играч за врска да стави потпис на соработка до 2029 година. Во новиот договор за Бернал ќе има и откупна клаузула поставена на 500 милиони евра.
Клубот ги подготвува документите и зделката со Бернал треба да биде реализирана во најскоро време.
Инаку, Марк Бернал во моментов е повреден. Тој на стартот на сезоната се здоби со тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти и тоа ќе го оддалечи од терените до следното лето. И покрај тоа Барселона го награди со нов договор.