На Копа Америка ќе има и розов картон!

by riste
1 минути читање

На престојното првенство Копа Америка кое почнува на 20 јуни, ќе се експериментира со розов картон кој има револуционерно значење.

Покрај жолтиот и црвениот картон, на Копа Америка овојпат ќе се покажува и розов картон. Тој нема да означува санкција, туку ќе се покажува кога една од екипите ќе мора да направи принудна замена затоа што некој од играчите заработил повреда поради која не може да продолжи да игра.

Кога ќе се покаже розов картон, таа замена нема да биде вкалкулирана во дозволените пет, па екипата на повредениот фудбалер ќе може да направи шест измени.

Со цел да се спречат злоупотреби, розевиот картон нема да може да се покажува во последните десет минути од мечот, а покрај тоа кога екипата ќе добие ваква измена, автоматски и противникот добива гратис замена со цел да се израмни ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани