Навивачи собраа милион евра за само 48 часа и го спасија клубот од банкрот

by Стефан
1 минути читање

Mинатиот викенд пристигнаа лоши вести за навивачите на германскиот четвртолигаш, Либек кој поминува низ сериозна финансиска криза.

Клубот објави дека се наоѓа ппред банкрот и ако во следните 48 часа не успее да собере милион евра за да се спаси ќе престане да постои.

„По направената анализа заклучено е дека имаме голем недостаток на ликвидност и тоа ќе претставува предизвик за надзорниот одбор и управата. Апелираме сите да застанат покрај нас во овој тежок период, без разлика дали е во облик на спонзорство или донации“, стоеше во објавата на клубот тогаш.

Во текот на вчерашниот ден клубот објави дека навивачите помогнале да се соберат потребните средства, па клубот ќе продолжи да функционира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани