350
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе се бори за опстанок во Првата лига против екипата на Детонит Плачковица.
Веќе од вчера вардарци се во Струмица, каде што попладнето го имаа последниот тренинг пред натпреварот. Овој момент го искористија искусниот голман Филип Гачевски и тренерот Горазд Михајлов кои одржаа говор за соиграчите. Тие ги потсетија на сите тешки моменти во сезоната и повикаа на беспоштедна борба до последната минута.
Натпреварот меѓу Вардар и Детонит се игра на стадионот „Младост“ во Струмица во терминот од 17:00 часот.