Меритон Гера привремено решение за клупата на Струга Трим Љум

by 24 фудбал
1 минути читање

Шампионот на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Љум се реши за тренерска смена пред крајот на сезоната.

На три кола пред крајот, клубот по взаемен договор ја прекина соработката со Шпетим Дуро. Како негов наследник е промовиран Меритон Гега, човекот кој работеше во стручниот штаб на Дуро како негов асистент. Челниците му ја доверија клупата на помошникот кој ќе биде прв тренер барем до крајот на сезоната.

Струга ја очекува голема битка за одбрана на титулата во првенството. Во моментов шампионот е израмнет со Шкендија и Шкупи на по 58 бода. Во две од последните три рунди стружани играат токму против овие ривали, а в сабота ги очекува дуел со Гостивар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани